Македонија
27. March 2016 - 17:10

Апел за помош на семејството Мустафови од Кратово

Поројните дождови кои во изминатиов период го зафатија Кратово, го оставија семејството Мустафови без покрив над глава. Потпорниот ѕид над нивната куќа не го издржа притисокот од надојдените води и се урна врз куќата на Мустафови.

Нивниот дом е комплетно уништен, а избегната е поголема трагедија, бидејќи од шестчленото семејство само бабата била дома и минала со полесни повреди.

Кратовскиот огранок на Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија излезе на терен и упати повик да му се помогне на семејството.

Домот на Мустафови веднаш по несреќата го посети градоначалникот Мите Андоновски. На негов предлог, Советот на општина Кратово донесе одлука на семејството Мустафови да им додели парична помош во висина од 30.000 денари.