Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“

Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе има донесено одлука за нов тренер за следната сезона. По отказот на Чаби Алонсо сезонава треба да ја доврши Алваро Арбелоа. Новото нема на биде ниту Јирген Клоп, ниту Алегри.
Според информациите на ЕСПН, Перез за нов тренер го подготвува селекторот на САД Маурицио Покетино, кој не прифати враќање на клупата на Тотенхем откако премиерлигашот има исклучително лоша сезона во Премиер лигата. Договорот на Покетино со САД трае до крајот на Светското првенство.
Покетино има настапува во Ла Лига, а како тренер има работено освен во Тотенхем и во ПСЖ и Челзи. Во францускиот првак имаше исклучително добра соработка со првата ѕвезда на Реал, Килијан Мбапе што е еден од важните фактори за негов ангажман.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
