-->
-->
Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
-->

Турција утре ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар за да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот во услови на конфликт на Блискиот Исток, објави „Сајпрус меил“, повикувајќи се на вршителот на должноста директор на воздухопловните власти на кипарските Турци, Аксин Месели.
Првично се очекуваше Турција да испрати четири борбени авиони Ф-16 на Кипар, кои ќе бидат стационирани на аеродромот Ерџан во турскиот дел на островот.
Месели изјави дека бројот на борбени авиони е зголемен на шест и оти се очекува да пристигнат во понеделник раните утрински часови.
Нивното распоредување доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран и откако Кипар беше погоден од ирански беспилотни летала лансирани од Либан.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
