Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади

Саудискиот министер за одбрана и високи пакистански воени претставници денеска разговараа за можностите за примена на заедничкиот одбранбен пакт меѓу двете земји во услови на иранските ракетни напади врз соседните држави, јави германската агенција ДПА.
За време на разговорите со началникот на Генералштабот на пакистанските вооружени сили, генерал Саид Асим Мунир, биле разгледани можни мерки за спречување на нападите врз Саудиска Арабија, напиша саудискиот министер за одбрана Халид бин Салман Ал Сауд на платформата „Икс“.
Не беа соопштени дополнителни детали за разговорите.
Меѓу Саудиска Арабија и Пакистан од 2025 година е во сила договор за заедничка одбрана. Според овој пакт, секој напад врз една од двете држави се смета за напад врз двете, што теоретски ѝ овозможува на Саудиска Арабија да смета и на заштита преку нуклеарниот арсенал на Пакистан, наведува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
