Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила.
РКЕ информира дека во новиот Правилник за лиценци извршиле усогласување со обврските од Законот за енергетика и ги зајакнале условите за компаниите кои сакаат да поседуваат лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија. Тие ќе мора да обезбедат гаранција (доказ) дека на сметка поседуваат 100.000 евра или овие пари ги имаат во основните средства.
Во Правилникот за лиценци се воведуваат нови енергетски дејности: складирање на гас, производство на биометан, производство на водород, производство на биогорива, полнење и продажба на садови под притисок со течен нафтен гас и трговија на компримиран гас, течен гас и водород.
РКЕ напоменува дека за сите останати вршителите на енергетски дејности кои не се утврдени во Законот за енергетика (Член 4), може да продолжат да ја врши дејноста без лиценца најмногу до три месеци од донесување на Правилникот за лиценци и апелира овие компании да поднесат барање за лиценца за некоја од соодветните дејности кои се дефинирани согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.
-Штом бидат создадени технички услови целокупната постапка за добивање на лиценци ќе биде дигитализирана и ќе може да се разменуваат документи преку Националниот портал за електронска комуникација, информира РКЕ.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
