ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат

Цел на нападите е населбата Дахија, густо населен комерцијален и станбен округ во јужните предградија на Бејрут, објавува Гардијан.
Израелските одбранбени сили еден ден претходно наредија итна евакуација на жителите на јужните предградија на Бејрут, каде што живеат околу 500.000 луѓе кои се обидуваа да избегаат во огромни конвои возила кои едвај се движеа поради толпата.
Гардијан објави дека сообраќајот е во целосен застој низ целиот град и илјадници луѓе пешачат, жени туркаат колички меѓу запрените возила. Семејствата ги молат службите за спасување да им помогнат на постарите лица кои не можат сами да излезат од своите станови и куќи.
Израел од понеделникот напаѓа делови од областа Дахија, а десничарскиот израелски министер Безалел Смотрич денес се закани со општо уништување на тој дел од градот, што важи за упориште на Хезболах.
Наредбата за евакуација во градот Бејрут беше издадена еден ден откако израелската армија им нареди на сите жители да ја напуштат другата гранична област јужно од реката Литани, што е околу 10 проценти од територијата на Либан. Ова предизвика загриженост дека Израел се подготвува за копнена инвазија.
Светските лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез, апелираа до Израел да ги намали нападите и да спречи ширењето на американско-израелската војна против Иран на нов фронт во Либан.
Израел тврди дека му се одмаздува на Хезболах за неколкуте истрелани ракети врз северен Израел во понеделникот.
Според либанското Министерство за здравство, во досегашните израелски напади се убиени повеќе од 120 лица, а околу 700 се ранети.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за Рубикон - агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
-

Венс: Нетанјаху има направено грешки, интересите на САД и Израел не се секогаш усогласени
-

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица
