Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните

Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март, првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: (">https://
).
Како што соопштуваат од Уставен суд, со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните. Посочуваат дека секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок.
- Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите, реализирана низ неколку развојни фази: Активна транспарентност и континуирано известување до јавноста за сите предмети во секоја фаза од постапката; Воспоставување активно присуство на социјалните мрежи со можност за директна интеракција со граѓаните; Следење на информациите во јавноста поврзани со Судот и навремено реагирање и информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес; Техничка модернизација и обезбедување опрема за дигитално работење и снимање, организирање можност преку веб-страницата за директно електронско обраќање до претседателот и прганизирање средби помеѓу претседателот и граѓани секој прв четврток од месецот, почнувајќи од 5 март 2026 година, велат од судот.
Посочуваат дека Одлуката за воведување пренос во живо од седниците е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав на Судот, водена од императивот за транспарентно, отчетно и отворено институционално работење.
- Крајната цел на оваа реформа е зајакнување на довербата на граѓаните во правната држава како и приближување на граѓаните до надлежностите на Судот, преку директен увид во работата на највисоката уставно-судска институција. Со оваа новина, Уставниот суд не само што поставува нови стандарди за сопственото работење, туку се позиционира како најтранспарентен суд и една од најотворените институции во државата, со идеја да ги поттикне и останатите органи на власта кои се стремат кон поголема јавност и отчетност, соопшти Уставниот суд.
МИА
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
