Ирак го затвора воздушниот простор откако Израел и САД започнаа напади врз Иран

Министерството за транспорт на Ирак денеска соопшти дека го затворило својот национален воздушен простор откако САД и Израел започнаа, како што рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац, превентивен напад врз Иран.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Катар воведе наредба за засолниште за сите вработени, препорачувајќи им на сите нејзини граѓани да го сторат истото откако Израел започна превентивен напад врз Иран утрово.
Кац рече дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за Државата Израел. Вонредна состојба е прогласена низ целата земја“, рече Кац, според „Тајмс оф Израел“.
Сирени се слушаа низ целиот Израел, додека Командата на домашниот фронт на израелските одбранбени сили ги повика цивилите да останат близу до засолништата и да се подготват за можни ракетни напади.
Три експлозии се слушнале во централен Иран, објавија иранските медиуми.
Експлозии се пријавени и на север и исток од Техеран, како и во Исфахан, Караџ и Керманшах.
МИА
Ново на Сител
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
