Македонија
26. February 2026 - 14:04

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко. Таа попречила вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, по решение за одземање на домашни животни – крави.

Жената е приведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.