Македонија
24. February 2026 - 12:59

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп

На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.