Македонија
24. February 2026 - 12:25

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест

Во југозападниот регион се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест а загрижува и тоа што се почесто има млади пациенти со миокарден инфаркт. Коронарната артериска болест е прва во списокот на оние болести коишто предизвикуваат висока смртност. 

Возраста кај пациентите, полот, генетската предиспоцизија се ризик фактори коишто не може да се променат, но може да се делува врз високиот притисок, мастите во крвта, дијабетесот, пушењето, дебелината, физичка неактивност, вели д-р Скрческа.

Статистичките податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија повеќе од 60% од смртните случаи се последица на срцево-садовите заболувања.