МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Како што се наведува во соопштението на МНРиНТ, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.
-Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk, наведуваат од Министерството.
Оттаму додаваат дека Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.
Мексико се соочува со бран насилства и блокади, по убиството на Немесио Осегуера, познат како Ел Менчо, водач на моќниот Картел на новата генерација Халиско (ЦХНГ), кој беше убиен за време на воена рација.
Операцијата предизвика насилна реакција од картелот. Членови на банди во неколку држави, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато, ги блокираа патиштата со запалени автомобили, камиони и автобуси. Пожари беа подметнати и во аптеки и мали малопродажни продавници.
Во градот Пуерто Ваљарта на брегот на Пацификот, кој е популарен меѓу туристите, на видео објавено на интернет се гледаат запалени автомобили и големи црни облаци чад што се издигаат меѓу зградите. Властите ги повикаа луѓето да се засолнат.
МИА
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
