Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник

Иран и Соединетите Американски Држави имаат различни мислења за обемот и механизмот на укинување на санкциите врз Техеран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма, изјави денеска висок ирански официјален претставник.
Тој рече дека нови разговори меѓу Техеран и Вашингтон се планирани за почетокот на март. Посочи дека Техеран би можел сериозно да размисли за комбинација од извоз на дел од своите залихи на високо збогатен ураниум, а дека за возврат мора да се признае правото на Иран на „нуклеарно збогатување во мирни цели“.
„Преговорите продолжуваат и постои можност за постигнување привремен договор“, рече функционерот.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи завчера изјави дека очекува нацртот на контрапредлогот да биде подготвен во рок од неколку дена по нуклеарните разговори со САД оваа недела, додека претседателот на земјата, Доналд Трамп, рече дека размислува за ограничена воена интервенција.
Високиот официјален претставник рече дека Техеран нема да се откаже од контролата врз своите нафтени и минерални ресурси, но дека американските компании секогаш би можеле да учествуваат како изведувачи на работите на иранските нафтени полиња.
МИА
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
