39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени

На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39) од с. Гајре пријавил дека околу 20.00 часот во с. Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М. Таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет. По преземени мерки, околу 21.50 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од с. Гајре, кои биле затекнати во патничко моторно возило „Голф“ кое претходно не запрело на даден знак за запирање на полициски службеници. Во с. Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице.
Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
