Синдикалната потрошувачка кошничка во февруари зголемена за речиси илјада денари во однос на јануари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка.
Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната минимална кошничка се зголемува на 82.757 денари.
Зголемување од речиси илјада денари има и во делот на храната, односно ако за јануари биле потребни минимум 24.211 денари, во февруари за оваа намена биле потребни 25.156 денари.
Од ССМ велат дека за само два месеца од почетокот на годината, најавеното усогласување на минималната плата што треба да биде во март е изедено со растот на минималната синдикална кошничка.
- За само два месеца, едно семејство е посиромашно за две илјади денари. За 24 месеци, односно околу колку што одбиваа да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари и затоа наместо да се расправаат врз грбот на работниците и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат минималната плата, која треба да иузнесува 600 евра и да ги зголемат сите други плати за најмалку 6.000 денари - вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
ССМ им остави простор на Владата и на работодавачите до крајот на февруари да се договорат за зголемувањето на минималната плата, во спротивно најавуваат уште еден протест и организирање генерален штрајк.
МИА
Ново на Сител
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
-

„Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“: Забрзува до 100 км/ч за помалку од секунда, лета и се превртува во воздух
