Мицкоски: Протестите на ССМ имаат политичка заднина, Трендафилов е прокси на опозицијата

Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, опозицијата нашла застапник во синдикалниот лидер Слободан Трендафилов за да нема партизација на барањата за зголемување на палтите.
- Тоа е легитимно ако мислат дека така ќе ѝ нанесат штета на Владата, ние ќе се бориме со тоа за да го докажеме спротивното и дека тоа не е така. Она што Владата може да го направи е да ги искористи законските механизми и сега платите ќе бидат нивелирани, односно ќе биде покачена минималната плата во согласност со законот, а како работодавач Владата се договори со своите колеги и речиси со 99 отсто од вработените, кои се наши колеги, ние имаме колективни договори до 2028 година - рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на училишна спортска сала во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае.
Како што рече, еден од колегите на Слободан Трендафилов пред неколку дена на прес-конференција со него во Владата бил видно задоволен и рекол дека постигнале историски договор, а два дена подоцна се солидаризирал со Трендафилов „и повторно ги малтретира граѓаните на Скопје мислејќи дека ако преку ССМ ги претстават политичките барања на опозицијата, ќе добијат симпатии кај граѓаните“.
- Мислам дека стратегијата им е неуспешна. Барањата се во рамките на институциите, за тоа постои Економско-социјален совет, затоа постои бипартитен дијалог и постојат разговори. Ние сме подготвени да преговааме, да седнеме и да разговараме за истечениот од важност Општ колективен договор и да постигнеме конечно решение - додаде претседателот на Владата.
Прашан за коментар во врска со реакцијата на Трендафилов, кој вчера од МВР и од Обвинителството бараше да постапат против Дафина Стојановска, а од Собранието да ѝ го одземе пратеничкиот имунитет затоа што објавила снимка од неговите малолетни деца, Мицкоски одговори дека претседателот на ССМ треба да ѝ се извини на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ за навредите и да се навикне дека како јавна личност е подложен на јавна критика.
- Го видов она што го кажа и видов премногу нервозен човек, кој истури салва навреди. Како јавна личност треба да се навикне на јавна критика. Го видов неговото бледо оправдување дека бил службено и затоа го користел службеното возило итн., а уште повеќе сум загрижен од нивото на култура на еден човек кој вчера ја испушти шансата да биде над ситуацијата и како загрижен родител, како што се обидуваше да се претстави, барем речникот да му беше попристоен зашто, сепак, станува збор за жена и мајка. На тоа видео никој не ги покажува малолетните деца на господинот Трендафилов. Напротив, јас колку што можев да видам, многу е внимавано на тоа, но мораше г. Трендафилов да биде покултурен и за сите навреди што ги кажа, во најмала рака пратеничката Дафина Стојановска денеска заслужува да добие извинување од него - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
