Монструм: Татко го казни своето девојче со смрт - под врела вода

Таткото на малечката Леона е прогласен за виновен за смртта на својата двегодишна ќерка и е осуден на 4,5 години затвор, а мајката доби затворска казна во траење од година ипол.
Ова беше исходот од судскиот процес пред Виенскиот окружен суд кој се водеше по повод смртта на Леона (2). Таа почина во октомври 2014 година од изгорениците здобиени кога нејзиниот татко Александар С. (27) ја ставил под туш со врела вода зошто била немрина.

Притоа девојчето се здобило со тешки изгореници на кожата од кои починала во болница. Мајката Романа С. (27) вели дека во тоа време печела торта и во моментот слушнала врескање и викање на девојчето и веднаш отрчала во бањата каде ја затекнала расплаканата ќерка во рацете на таткото. Несреќното девојче чија кожа била прекриена со тешки изгореници од „казненото турширање“ несовесните родители ја однеле во болница дури 28 часа подоцна.
На прашањето од судијата зошто толку долго чекале, мајката изјавила дека изгорениците не ги сфатила многу сериозно туку како оние од сонце. Според нивните зборови веднаш отишле до аптека, купиле неопходни лекови и сами се обиделе да и ги санираат повредите. Се било нормало, девојчето си играло и дури утредента забележеле дека има покачена телесна температура и пликови на грбот.
Како што се наведува во записникот, таткото пред судијата ја сменил првично дадената изјави и рекол дека само сакал да ја истушира ќерката и дека за се е виновен расипаниот болјер. Бранителот на брачниот пар рекол дека обвинувањата против таткото за „мачење на малолетно лице со смртен исход“ и против мајката за „соучесништво и запоставување на дете“ се неосновани.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
