Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски

Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, соопшти Друштвото на писатетелите на Македонија (ДПМ).
Со длабоко жалење и со огромна тага известуваме за прераното заминување на нашиот драг Тихомир Јанчовски: поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010), стои во соопштението од ДПМ.
Избори од неговата поезија, како што се наведува се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици.
Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје. За точниот датум и час за испраќање последен поздрав на Тихо ќе следи дополнително известување. Нека му е вечен споменот!, наведуваат од ДПМ.
МИА
Ново на Сител
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
