Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека е разочаран од одлуката на Европа да склучи голем трговски договор со Индија.
Според него за Европа приоритет е трговијата пред интересите на украинскиот народ.
Бесент за американската телевизија Си-ен-би-си (CNBC) наведе дека Европа купува рафинирани артикли произведени во Индија со санкционирана руска нафта и не беше подготвена да ги исполни повисоките царини што САД ги наметнуваат на индиските стоки додека преговара за посебен трговски договор.
Европска Унија пред два дена склучи трговски договор со Индија, со цел зголемување на билатералната трговија и намалување на зависноста на ЕУ од САД во услови на зголемени глобални трговски тензии.
На прашањето дали Договорот може да ги загрози САД, Бесент одговори дека Европа треба да го направат она што е најдобро за нив, додавајќи дека е разочаран од Европејците.
Според него Договорот јасно покажува зошто Брисел не сакаше да се согласи со одлуката на Вашингтон да воведе царини од 25 проценти на Индија минатата година, како дел од напорите за ограничување на купувањето руска нафта.
Европејците не сакаа да ни се придружат, а се покажа дека тоа е затоа што сакаа да го склучат овој трговски договор. Секогаш кога ќе слушнете Европеец да зборува за важноста на украинскиот народ, запомнете дека тие ја ставаат трговијата пред украинскиот народ, истакна Бесент.
МИА
Ново на Сител
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година
-

Рубио најави средба со папата Лав XIV, во фокус верската слобода
-

Утринските температури над нула, најтопло во Виница и Крушево
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
