Филков: Онаму каде што има индиции за злоупотреби, ќе има институционална реакција

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости.
- Во изминатиот период јавноста беше сведок на настани и случаи, кои дополнително ја засилија загриженоста за интегритетот, одговорноста и за функционирањето на судството и Обвинителството. Таквите појави не смее да се релативизираат, ниту да се игнорираат - рече Филков.
Тој посочи дека долготрајното нерешавање на предметите за висока корупција и отсуството на институционален одговор за очигледни сомнежи ја рушат довербата во системот.
- Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор - тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата? - рече министерот.
Како особено алармантен пример министерот го наведе случајот со апелацискиот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра заѕидани во ѕид.
- Тоа не е само скандал. Тоа е симбол на длабока системска слабост - симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита, што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем - изјави Филков додавајќи дека овој случај дополнително ја нарушува довербата во судството и ја доведува во прашање функцијата судија, „која треба да биде во служба и интерес на граѓаните, а не привилегија“.
Министерот укажа и на сериозните предизвици во работењето на Обвинителството, меѓу кои недоволната ефикасност, ограничените капацитети и недостигот на решителност во справувањето со најтешките облици на криминал.
- Истражувањата за перцепцијата на корупција покажуваат дека довербата во судството и Обвинителството е сериозно нарушена. Таа доверба не може да се врати преку ноќ, ниту со една одлука - нагласи тој.
Додаде дека проблемите се системски и бараат долгорочни, темелни интервенции.
- Свесни сме дека без темелни и добро насочени реформи, ваквите појави ќе продолжат да се повторуваат. Затоа Министерството за правда пристапи системски, со утврдување на фактичката состојба на терен и со преземање конкретни чекори - нагласи министерот.
Министерството за правда, како што најави Филков, ќе реагира на сите случаи во кои постојат индиции за злоупотреби, а слабостите во системот ќе бидат адресирани со соодветни институционални интервенции.
МИА
Ново на Сител
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
-

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца
-

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во „Пулс“ ќе се гради на бараната локација
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
