Продолжи судењето за убиството на турски државјанин во кафуле во Штип

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес за четворица турски државјани кои се обвинети дека помагале во извршување на кривично дело убиство во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во мај 2025 година во Штип.
Првоосмничениот Кадир Кара, кој го призна делото и на кого му е изречена казна затвор од 17 години денеска во судницата беше во својство на сведок. Тој во својот исказ истакна дека не се познавал со двајца од сега обвинетите, додека со другите двајца се знаел.
На 8 мај годинава од Скопје тргнале кон Штип на заеднички ручек, а притоа Кадир отишол на кафе. По настанот исконтактирал со сега обвинетите лица и тргнале кон Скопје, но како што сведочи без да им каже што се случило. Пред наплатната рампа Миладиновци се симнал од возилото и почнал да трча. Тој тврди дека останатите обинети не знаеле за она што се случило во кафе барот на плоштадот во Штип. Бранителот Шенаи Османов очекува судот да донесе ослободителна пресуда.
-Имавме распит на сведоци со што го користевме и првообвинетиот во својство на сведок и јасно си кажа дека ниту имало план, ниту имало некаква организација за сторувањето на кривичното дело. Сметаме дека одбраната ќе ја докаже неоснованоста на обвинението врз основа на тоа што останатите обвинети се теретат и сметаме дека ќе имаме добра разрешница, изјави Османов.
Претходно Кадир Кара го призна делото убиство и заработи казна затвор од 17 години. Тој лани на 8 мај во угостителски објект на плоштадот „Слобода“ во Штип, со огнено оружје уби друг турски државјанин.
МИА
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
