Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст

Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град.
- Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов.
Осветувањето на водите на реката Брегалници во штипско Ново село се случи во присуство на голем број на граѓани, верници од старата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и свештениците од Брегалничката епархија на Џонов му врачија пригодни подароци.
На главната централната церомонија во Штип кај мостот на река Брегалница во населбата Осми Ноември учествуваа стотина верници и најсреќен беше 29 годишниот Јован Јованов, вработен и татко на две малолетни дечиња. Посака здравје, бериќет.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на граѓаните им посака среќа, здравје, бериќет. Со свечената литургија чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион.
МИА
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
