Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа

Распаѓањето на она што некогаш беше најголемата санта лед во светот, А23а, е снимено на нова сателитска снимка, пренесе ДПА.
Снимката ги покажува првите знаци дека сантата лед наскоро целосно ќе се распадне, објави денеска Европската вселенска агенција (ЕСА), истакнувајќи го исклучително јасниот поглед без облаци на гигантот додека плови во близина на Антарктикот.
– Светлосините области видливи на неговата површина и на ледените брегови на југ се езера од стопена вода, што се јасни знаци за брзиот крај на сантата лед, соопшти агенцијата со седиште во Париз.
Снимката е направена од сателитот Sentinel-2 на европската програма за набљудување на Земјата, Коперник.
А23а некогаш беше најголемата санта лед во светот, покривајќи околу 4.000 квадратни километри – повеќе од трипати поголем од Рим. Сега неговата површина е намалена на околу 1.000 квадратни километри.
Откако се одвои од ледениот гребен Филхнер-Роне на копното на Антарктикот во 1986 година, А23а со децении остана заглавен на морското дно.
Таканаречената „мегасанта“ се ослободи во 2000 година, но остана заробена во кружните океански струи пред забрзано да отплови подалеку од антарктичките води во ноември 2023 година. Сега се наоѓа во Јужниот Атлантик.
На 20 декември, сателитот ја сними на околу 150 километри северозападно од островот Јужна Џорџија, опкружена со неколку помали санти лед.
Не е необично сантите лед кои патуваат толку далеку на север да се распаднат, поради потоплите температури на морето и временските услови.
Според ЕСА, А23а е на пат кон уште потопли краишта и наскоро ќе ја следи судбината на другите санти лед кои се распаднаа во овие води, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
-

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток
-

Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам
-

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ
-

Четиристотини загинати во ракетен напад врз болница во Кабул
