Бадникови поворки во Соборниот храм на традиционална средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Дел од учесниците на Бадникови поворки 2026 претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во Соборниот храм тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање.
Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за верата, љубовта и духовната радост - вредности што Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години.
Како што посочуваат организаторите на Бадниковите поворки, оваа средба уште еднаш ја потврдила длабоката врска меѓу духовното наследство, народната традиција и новите генерации.
Посетата кај Архиепископот претставува духовен вовед во централната Бадникова манифестација, која денеска се одржува на Плоштад „Македонија“ во Скопје, како и во уште 80 градови и населени места низ земјава и во македонската дијаспора.
Почетната точка на поворката во Скопје е Музејот на Град Скопје, од каде што точно во 12:00 часот ќе тргне најголемата Бадникова поворка. Пред почетокот, на оваа локација бесплатно ќе бидат поделени божикни ѕвезди и уметнички магнети, како симболичен подарок за секое дете и семејство.
МИА
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
