Со 53 км/час удрил во велосипед кој поминувал на пешачки, обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец, кој на 3 ноември минатата година удри во велосипедистот Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“, кој од здобиените тешки повреди почина на лице место.
На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
-Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Воачост се гони за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.
МИА
Ново на Сител
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
