Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило

Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 415 пешаци. Исто така санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 12 до 18 степени
-

Лафчиски ја заокружи посетата на Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД
-

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје
-

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач
-

ФФМ: Шкендија статистички е еден од најзаштитените тимови во ПМФЛ, но кога губат бодови секогаш други им се виновни
-

Македонските државјани во Бахреин во среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
