Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
- Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри, појасни Тошковски, додавајќи, пак, дека ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч.
Министерот нагласи дека оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.
Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија.
- Кога служените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, нема да бидат во систем, кога нема да постапуваат во рамки на оперативно делување, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие, истакна Тошковски.
Проектот „Безбеден град“, заедно со неговото одржување во периодот од 2008 до 2025 година, ги чинел граѓаните околу 85 милиони евра, истакна министерот Тошковски. Деталите за бројот и цената на камерите остануваат класифицирани.
- Тие спецификации се безбедносно класифицирани информации. Она што можам да го кажам е дека трите договори заедно со одржувањето од 2008 до 2025 година чинат околу 85 милиони евра, рече Тошковски, додавајќи дека договорите се класифицирани согласно закон.
Според него, вкупната сума потрошена за 14 години е околу една петтина од годишните трошоци што државата ги има од сообраќајни незгоди.
Во однос на законот кој го опфаќа и „Безбеден град“ за којшто се потребни двотретински мнозинство во Собранието, Тошковски рече дека според него нема пратеник кој не би го поддржал овој проект и потенцира дека лично ќе се вложи во процесот на импленментирање на проектот кој според него спасува животи.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари
-

Апел за совесно и одговорно фрлање отпад - Се чистат диви депонии во Аеродром
-

Истрага против лице од Чучер Сандево за нелегално оружје и закани кон семејството
-

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен
-

За Богојавление - Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје
-

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски
-

Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски
