Павлопулос со уште едно предупредување за европските интеграции на Македонија

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во своето обраќање по повод 25 март Денот на независноста на Грција, не пропушти да го спомене прашањето за името на нашата земја.
Иако никаде во обраќањето не се споменува Македонија, во Грција се нагласува дека Павлопулос „упатил строга порака кон Македонија, за европската перспектива на земјата, и тоа во врска со бегалците и прашањето за името“.
Нагласувајќи дека проблемот со бегалците ќе биде решен откако ќе се стави крај на војната во Сирија, Павлопулос бара од европските партнери да ги почитуваат принципите на Европската унија, како и христијанството и неговите принципи.
Тој бара од Европската унија „да се потсети на своите принципи и кон бегалското прашање да се однесува во согласност со духовната, политичката и правната култура, изолирајќи ги оние екстремни гласови кои се борат токму за спротивното и се опседнати од нечовечност и антидемократски фобии“.
Павлопулос порачува дека „соседните земји на Балканот, кои се стремат кон членство во Европската унија, инсистирајќи на име кое грубо ја фласификува историјата и манифестираат иредентизам, и демонстрираат бруталност кон бегалците, немаат европска иднина затоа што така директно се кршат европските принципи и вредности“.
За помалку од еднa седмица ова е втора ваква изјава на грчкиот претседател. Минатата недела тој од Солун им порача на „лидерите на државата Скопје“ дека „треба веднаш да сфатат оти со инсистирањето на име со кое се прави обид за фалсификување на историјата, додека се подигаат огради од бодликава жица и се вршат варварски дејствија против бегалците, отворено се нарушуваат европските принципи и вредности, па затоа и натаму нема да бидат во можност да се приклучат кон Европската Унија“.
- Ова е јасно и за тоа нема преговори, изјави Павлопулос во Солун.
Ново на Сител
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
