Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри

Автобус што превезувал ученици на матурска екскурзија се урна во клисура длабока 80 метри во Колумбија.
„Повеќе од дванаесет лица“ ги загубија животите, наведе гувернерот на регионот Антиокија на северозападот од јужноамериканската земја. Околу 20 лица се повредени.
Без да наведуваат извори, медиумите објавија најмалку 16 загинати.
Учениците од 11-то,последно, одделение се враќале од одмор на плажа на карипскиот брег во Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Според извештаите на медиумите, во автобусот што паднал во клисурата во рурална област недалеку од Сеговија имало околу четириесет патници.
Повредените се пренесени во болница. Според официјалните информации, повеќето од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години.
„Денеска е тажен ден за Антиокија“, рече гувернерот.
Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата истражува што довело до несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови
-

Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите
-

УЈП не воведува нов данок, туку спроведува постоечки закон, порача директорката Петрова
-

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“
-

Седумгодишно дете прегазено во Кочани
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
