Македонија
10. December 2025 - 16:31

Поднесувањето тужби до Управниот суд само по електронски пат

Се дигитализира работата на Управниот суд. Од денеска, поднесувањето тужби ќе може да се прави и преку интернет. Електронскиот софтвер „ЕПУС“, ги поврзува странките, јавните институции и Вишиот Управен суд.

Од судскиот совет велат дека целосната дигитализација на управните судски постапки е модел по кој ќе се дигитализира работењето и на основните судови.

Електронскиот софтвер, според надлежните ќе ја подобри судската независност, ги намалува трошоците на управните судови и странките, а се намалува и човечкото влијание.