Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изјави дека Русија и Унгарија мора заедно да се спротивстават на надворешниот притисок. Тој ова го изјави по неговото пристигнување во Москва за да учествува на седница на руско-унгарската меѓувладина комисија за економска соработка.
Седниците на комисијата се одржуваат секоја година, со тоа што Москва и Будимпешта се менуваат како домаќини. Од руска страна, комисијата ја предводи министерот за здравство Михаил Мурашко.
Сијарто на денешната средба во Москва изјави дека Унгарија и Русија се водат од своите национални интереси при донесувањето одлуки.
„Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараа за многу важни прашања за нашата соработка и тоа дава нов импулс на нашите односи, истакна Сијарто. – Мораме да работиме решително, да се спротивставиме на притисокот што ни се врши. Треба да направиме скок за да ги зголемиме показателите на нашата соработка – додаде шефот на унгарската дипломатија.
Тој нагласи дека „сигурно снабдување на Унгарија со енергетски извори е многу важно за нас“.
Ова не е политичко или идеолошко, туку прагматично прашање кое го засега нашето преживување – продолжи Сијарто.
Тој потврди дека целта на премиерот Орбан е „да изгради непречени односи со Русија во областа на енергетиката“.
Од своја страна, Мурашко на денешната средба истакна дека трговско-економската соработка меѓу Русија и Унгарија се развива стабилно, и покрај санкциите наметнати од ЕУ. Според него, Унгарија останува сигурен економски партнер на Москва и зазема водечко место меѓу земјите-членки на Европската Унија по обемот на трговијата. Мурашко, исто така, посочи дека билатералната трговија со услуги минатата година бележи трикратен раст.
Штом заврши војната (во Украина), светската економија ќе може да се врати во нормален тек и ќе се отворат нови, огромни можности во меѓународните трговски односи. Санкциите нема да траат вечно, затоа мора да бидеме подготвени да заземеме добра стартна позиција во новиот период. Затоа сега одиме во Москва со голема бизнис делегација, објави претходно Сијарто на својата Фејсбук страница.
Се очекува Унгарија и Русија да потпишат низа документи по завршувањето на денешната седница, јави ТАСС.
МИА
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
