МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-Општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6 а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија”, информира Министерството за внатрешни работи.
- Пријавените, како организатори на настан по повод денот на Албанското знаме, што на 28.11.2025 година се одржувал на улицата „Маршал Тито во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С.Македонија што, според Закон, биле обврзани да го направат, се вели во информацијата објавена на фејсбук страницата на МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
