Македонија
5. December 2025 - 12:20

Охрид доби културно-туристички водич

Охрид доби културно -туристички водич .Станува збор за дело на Милчо Јованоски  под наслов „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ пред се наменето за странските гости на Библиотеката и градот  но и за сите љубители на охридската културна ризница.

Книгата претставува значаен придонес во современото проучување на Прличев , книжевната историја и културната меморија на Охрид.

Како продолжение на ова издание ќе има и  документарен  филм посветен на Прличев, кој се подготвува и ќе биде премиерно прикажан во рамки на културната манифестација „Прличеви Беседи“.

Ова дело беше промовирано во рамки на програмата за одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.