Loading Video...
Свет
5. December 2025 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Рускиот претседател Владимир Путин од вчера е во посета на Њу Делхи, Индија каде што беше пречекан од индискиот премиер Нарендра Моди. Ова е прва посета на рускиот лидер на Индија од почетокот на војната во Украина пред речиси четири години. Путин го оспори силниот притисок на САД врз Индија да не купува руско гориво.

„Самите САД сè уште купуваат нуклеарно гориво од нас за своите нуклеарни централи. Тоа е исто така гориво“, изјави Путин за „Индија денес“.

Притоа додаде дека САД и Европската Унија продолжуваат да увезуваат руска енергија и стоки во вредност од милијарди долари, почнувајќи од течен природен гас до збогатен ураниум.

Посета на Путин има за цел да ја зголеми продажбата на руска нафта, ракетни системи и борбени авиони и да ги прошири деловните врски надвор од енергетската и одбранбената опрема.

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) ја продолжи лиценцата што овозможува одредени меѓународни операции на компанијата Лукоил до 29 април 2026 година. Лиценцата дозволува трансакции со меѓународните подружници и поврзани компании на Лукоил, вклучително и оние во САД, но исклучиво за набавка на стоки и услуги, техничко одржување, работење и ликвидација на бензински станици надвор од Русија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека избори ќе се одржат во мај или декември следната година, но дека е пореално тие да се одржат кон крајот на годината. Toj додаде дека Србија нема да има проблеми во снабдувањето со гас бидејќи очекува да се  потпише краткорочен договор со Русија за снабдување со тој енергенс.

Феноменот „Супермесечината“ привлече многу внимание на местата каде можеше да се забележи ноќеска (ова се кадри од Чилеанска Патагонија и Канарските острови). Месечината се приближи до Земјата, изгледајќи посветла и поголема од вообичаеното.

Според НАСА, супермесечината се проценува дека била на 358.116 км (222.523 милји) од Земјата, или приближно 12 проценти поблиску од нејзината најоддалечена точка од нејзината вообичаена 27-дневна орбита околу Земјата.

Во најблиската точка, нормалната полна Месечина може да изгледа до 14 проценти поголема и 30 проценти посветла од најслабата Месечина во годината, што се случува кога е најоддалечена од Земјата во својата орбита.

Во Вашингтон денеска попладне или точно на пладне по локално време ќе стартува извлекувањето на групите за светскиот куп 2026 година.

Најголемиот спортски настан следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а финалето на 19 јули во Њу Џерси. 48-те репрезентации ќе бидат распоредени во 12 групи по 4 репрезентации. Досега се познати 42 селекции додека последните шест места од баражите – четири од Европа и два интерконтинентални.

Во едниот од четирите европски баражи е и Македонија која во бараж полуфиналето прво гостува кај Данска, а со евентуална победа ќе игра со победникот од дуелот Чешка – Република Ирска за пласман на Мундијалот. Извлекувањето ќе го водат поранешниот фудбалер Рио Фердинанд и водителка Саманта Џонсон, а како асистенти ќе бидат познати имиња од американскиот спорт: Том Брејди, Вејн Грецки, Арон Џаџ и Шакил О'Нил.

Титулата светски првак ја брани Аргентина.