Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
„Мислам дека треба да обрнат повеќе внимание на нас“. Со оваа реченица Невена – девојка со церебрална парализа го опишува чувството на невидливост, со кое секојднвно се борат лицата со попреченост во државата. На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, овие лица потсетуваат дека нивното прифаќање во општеството не е привилегија, туку обврска на сите. „Немам друштво, немам со кого“, додава Невена.
Трнлив е и патот на родителите на децата со попреченост, раскажува за Сител Марина, мајката на Невена. Предрасудите и стереотипите се дел од нивното секојдневие.
„Нас последно што ни се случи.Со децава, се договоривме бевме на пица, во пица ресторан. И ја направивме славна, ја објавивме на Фејсбук, додека ние седевме на масите, се дружевме, се смеевме, она и сопругот ги завртеа столиците и вака гледаат во децата - како не знам што да се случило. Не се едуцирани, не сакаат да го прифатат, реалниот живот, раскажува Марина Билбиловска, мајката на Невена.
Лицата со церебрална парализа имаат најголем проблем со здравството. Големи трошоци, а мала помош од државата.
„Лицата кои се над 26 години немаат право на партиципација, избришани се од системот“ додаде Марина.
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележа и 20-годишнината од отворањето на првиот Дневен центар со церебрална парализа. Присутен беше и скопскиот градоначалник, кој најави контунуирана поддршка кон овој дневен центар.
Претседателката на државата пак со остра порака дека е срамно да има само едно државно средно училиште со ресурсен центар, кога потребата е поголема.
„Мора да се зголеми бројот на училишта од ваков тип, бидејќи овде гледаме меѓу останатото дека има дом во којшто доаѓаат лицата од внатрешноста на државата. Доколку има повеќе во повеќе градови, тогаш е полесно и за родителите и за семејствата“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Во Партениј Зографски годишно има околу 50 деца. Директорката вели дека најголемиот предизвик што го имале е надминат, поради тоа што од оваа учебна година од Ресурсен центар прераснале во државно средно училиште.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
