Македонија
3. December 2025 - 14:14

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со „разбојништво“.

На 31.10.2025 во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со првопријавениот и со употреба на физичка сила од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.