Македонија
2. December 2025 - 19:47

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Сопственикот на Пулс каде загинаа 63 лица, не чуствува вина за трагедијата. Да знаев дека дискотеката работи со пропусти, сигурно ќе ги остранев, говореше низ солзи во судницата Дејан Јованов.

Вина не чувствува ниту сопственикот на фирмата преку која Пулс работела како подружница, а за невин се смета и синот на Јованов кој според обвинителството го договорил настапот на ДНК и употребата на пиротехниката која го предизвикала пожарот.

Негирањето вина ги налути роднините на загинатите кои го следат судењето, па со извици и негодувања се спротиставија на тоа што говореа обвинетите.

Одбраната на Јованови, вината за трагедијата ја лоцираше во групата ДНК бидејќи без нивно знаење била внесена пиротехниката. Гледаат и институционална одговорност, велат, ако имало пропусти, требало надлежните да постапуваат.

Сопственичката на проектанската фирма рече дека таа не го направила планот за дискотеката, а документот кој таа го изработила во 2012 година важел само шест месеци, а потоа се до денот на трагедијата бил злоупотребуван од сопственикот Јованов.

Секој од обвинетите кажа дека не се чувствува виновен. Поранешниот градоначалник Папазов рече дека се работи за конструирано обвинение, додека еск директорот на ДZС, Шабан Салиу случајот го нарече правно неоснован и политички мотивиран.

Судењето продолжува во четврток со воведни говори на обвинетите и нивните адвокати.