Македонија
2. December 2025 - 19:21

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО

Попладнево е уапсен сопственикот на кравите кои уништуваат приватен имот ширум Крива Паланка и го загрозуваат сообраќајот во околината.

Сопственикот е уапсен затоа што попречувал инспектори од АХВ да ги одземат кравите а дополнително и се заканувал по живот на повеќемина граѓани кои трпеле штета од неговиот добиток.

Неговите ќерки се обидоа да ја спречат полицијата да го уапси нивниот татко кој и самиот е поранешен полициски службеник.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)