Преглед на вестите од светот
Илјадници луѓе се собраа во Софија и во неколку други градови синоќа протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра пред земјата-членка на Европската унија да ја усвои заедничката валута на 1 јануари.
Некои од демонстрантте се судрија со полицијата, која ги опколи канцелариите на владејачките партии притоа фрлани камења, шишиња и петарди врз полицајците. Опозициските партии и други организации велат дека протестираат против плановите на владата за зголемување на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденди за финансирање на повисоките трошоци, како и државната корупција.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утринава ќе одржи итен состанок со тимовите надлежни за енергетската стабилност и сигурност на државата. Состанокот, кој ќе биде затворен за јавноста. Оваа средба се случува во време кога Србија очекува одговор од американските власти на барањето за издавање специјална работна дозвола, додека се во тек преговорите за продажба на рускиот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е под санкции од САД поради мнозинска руска сопственост.
Руското Министерство за одбрана прикажа свои војници во центарот на градот Покровск. Руските воени команданти му соопштија на претседателот Владимир Путин во неделата вечерта дека силите ги зазеле двата града Покровск и Вовчанск. Украинските претставници не потврдија дека ниту едното место паднало во руски раце. Украинската војска во понеделник објави за 43 руски напади во секторот околу Покровск. Путин беше пречекан од Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руската војска, во заедничката командна станица.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посета на Париз на разговори со претседателот Емануел Макрон, ги повика сојузниците на Киев да се осигурат дека Русија нема да биде наградена за војната што ја започна. Во исто време администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп гледа „многу оптимистички“ на изгледите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, така американскиот пратеник Виткоф денеска во Москва ќе разговара со Путин за мировниот план за Украина
Зимската бура го зафати Средниот Запад, на САД и донесе околу 30 сантиметри снег им создад проблеми на возачите со движењето пред се поради лизгавите патишта. Лошото време во САД се очекува да биде најлошо доцна во понеделник до вторник, а во некои делови од земјата може да се очекува и замрзнат дожд. Дел од патиштата беа и затворен од безбедносни причини.
Животните во зоолошката градина Брукфилд во Чикаго си играа во нешто што личеше на зимска земја на чудата. Тие едноставно уживаа и се радуваа во зимските услови во нивните живеалишта. Во деновите од викендот во Чикаго наврнаа околу 25 сантриметри снег.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
