За 24 часа 110.000 сообраќајни прекршоци само во Скопје

Во Скопје за само едно деноноќие биле евидентирани 110.000 сообраќајни прекршоци во првиот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
– Бројката е загрижувачка. Само вчера биле откриени околу 1.000 нерегистрирани возила и приближно 5.000 минувања на црвено светло, што е навистина алармантно. Најголем дел, над 90%, се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – изјави Тошковски.
Тој објасни дека тестирањето служи за граѓаните да се запознаат со начинот на работа на системот, како и за проверка и подобрување на неговите технички решенија.
Министерот додаде дека се забележани одредени недостатоци кои ќе бидат коригирани и дека системот постепено ќе се воведува низ целата држава.
Законот ќе важи за сите учесници во сообраќајот, освен за возилата на Итната медицинска помош и службените возила на МВР што извршуваат службени задачи.
Тошковски откри дека најмалку тројца возачи на министри веќе добиле казни поради брзо возење.
Во текот на 2024 година животите ги загубиле 142 лица во сообраќајни несреќи, па министерот апелираше таа бројка да се земе предвид при дискусиите за потребата од системот „Безбеден град“.
Тој додаде дека постои можност законот наместо од 1 јануари да почне да важи од 1 февруари, за да се направат дополнителни проверки и граѓаните целосно да се информираат.
Ново на Сител
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
