Македонија
1. December 2025 - 21:11

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?

Законите кои ја уредуваат работата на судот и јавното обвинителство чекаат зелено светло од пратениците..

Нивното усвојување кое е дел од планот за приближување на земјата до ЕУ, засега го нема на дневен ред на веќе закажаните собраниски седници.. Власта и опозицијата со различни гледишта – реформите во правосудството според мнозинството е сериозна задача, но смета дека треба да се следи и вистинската заложба на земјите членки за проширување на Унијата.. Опозицијата пак очекува национален консензус, а не клучните закони да се носат по скратена постапка..

Во меѓувреме, невладините кои и сами учествувале во подготовка, велат дека е неопходно законите да го минат и собранискиот филтер.. Освен финансиската независност, со нив се унапредувала и работата на правосудните институции.. 

„Поголем дел од законите се спремни. Не се работи за нови закони, туку за измени кои што би се донеле одредени подобрувања во правосудството и секако дека тие се и дел од нешто што нашата држава се има обврзано и сметам дека е потребно час поскоро да бидат и усвоени“, изјави Јелена Кадриќ. 

Премиерот пак по серијата критики дека законите се само за повисоки плати, а судската фела преку писмо му кажа дека ги поминал границите на добро однесување, Мицкоски вети донесување на законите до крајот на годинава.. Состојбата ја регистрираше и меѓународниот фактор, па како што вели Кадриќ, пораките од амбасадорките на САД и Германија, треба сериозно да се сфатат..

„Се работи за меѓународни организации, амбасади кои многу вложиле во правосудството, не само американската, туку и европската унија, а од сите нив и сме ги добиле овие критики  и сметам дека е многу сериозно прашање и треба да е многу сериозно прифатено и разгледано  и секако отстрането , посебно што се работи за нивни критики во однос на влијанието на политиката врз правосудството. Што значи, и едните и другите треба многу сериозно да постапат по овие забелешки“, вели Кадриќ. 

Од донесувањето на реформските закони зависи и пополнувањето на судскиот совет.. Претседателката на државата пред скоро половина година најави дека својот предлог за член ќе го даде по усвојување на законот за судски совет.. До крајот на месецов, пак, завршува мандатот на уште двајца членови..