Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
- На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии. Освен во едно од училиштата каде на две површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена, појаснија од ИЈЗ, додавајќи дека информациите поврзани со резултатите од ОУ „Димо Хаџи Димов”, се веќе доставени.
Во соопштението се нагласува дека ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, што се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.
МИА
Ново на Сител
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
