Македонија
30. November 2025 - 16:30

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?

Дали снегот годинава ќе ги изненади институциите? Од ЈП Македонија пат велат дека подготвено ќе го дочекаат со 240 возила и нешто над 500 вработени. Веќе одржале низа координативни состаноци за проценка на ризиците и чекори на делување. 

Најкритичните точки се превоите. 

Низа координативни состаноци се одржуваат и во ЦУК.

Во меѓувреме веќе половина месец на сила е обврската за поседување на зимска опрема. Само во Скопје, 50 возачи веќе ги испразниле своите новчаници за 45 евра бидејќи полицајците ги фатиле како не си ја извршиле оваа обрска.

Една од најчестите причини за блокирање на магистралните и регионалните патишта е токму неупотребата на зимска опрема и возење со несоодветни гуми, предупредуват од ЈПДП. 

Важно е да се почитува оваа обврска бидејќи: 

- Се намалува ризикот од лизгање и губење контрола врз возилото. 
- Се избегнуваат сообраќајни застои и блокади на патиштата. 
- Се обезбедува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, соопштија од ЈПДП. 

Обилните врнежи од дожд кои во последните денови го зафатија источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во Општина Чешиново-Облешево. Се појавија и голем број на свлечишта кои претставуваат опасност за граѓаните и нивните домови.