Свет
30. November 2025 - 10:32

Едно лице загина, а 11 се повредени во напад со руски дронови во близина на Киев

Најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, вклучувајќи и дете, во близина на Киев, во напад со руски беспилотни летала синоќа, објавија локалните власти.

Шефот на воената администрација за регионот Киев, Микола Калашник, преку Телеграм го осуди „непријателскиот напад врз Вишгород во кој едно лице е убиено, а 11 се повредени, од кои шест се однесени во болница“, наведувајќи дека станува збор за нова офанзива на руските дронови, како што беше случајот во текот на целата претходна ноќ во неколку населби на главниот град на Украина.

Тој рече дека спасувачите ги евакуираат жителите од една висококатница што беше погодена, каде што беа ангажирани и пожарникари.

Калашник предупреди дека бројот на повредени е веројатно уште поголем.

Овој напад, што ѝ се припишува на Москва, следува по нападот со беспилотни летала врз голема нафтена инфраструктура во руско пристаниште на Црното Море, за кој Киев ја презеде одговорноста.

МИА