Владата во Никарагва ослободи околу 40 политички затвореници

Властите на Никарагва ослободија околу четириесет политички затвореници, наведоа активисти од оваа земја.
Ослободените затвореници ќе останат во домашен притвор и ќе мора редовно да се јавуваат во полиција.
Алфредо Гутиерез, координатор на партијата Либерали Никарагва, чие седиште е надвор од земјата, рече дека активистот Хозе Алехандро Хуртадо е меѓу ослободените затвореници. Според извештаите од Меѓуамериканската комисија за човекови права, Хуртадо бил уапсен во јануари.
Ана Маргарита Вихил од опозициската партија Унамос изјави дека нејзината организација дознала за ослободувањето на „околу четириесет лица“ и дека многу од нив не биле видени од нивните семејства со месеци „или дури и години“.
Росарио Муриљо, која моментално е копретседател на Никарагва со својот сопруг Даниел Ортега, не одговори на барањето за коментар.
Во последниве години, авторитарната влада на Никарагва ги прогонуваше политичките дисиденти. Според опозициските групи, до саботата имало повеќе од 70 „политички затвореници“ во затворите, вклучувајќи активисти и студентски лидери.
Во 2023 година, Никарагва ослободи повеќе од 200 политички затвореници кои потоа пребегнаа во САД. Меѓу нив се и пет поранешни противници на Ортега на изборите во 2021 година.
САД и другите западни земји го осудија реизборот на Ортега за претседател, обвинувајќи го за нелегална кампања.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
