Орбан: Средбата со Путин ја отвори вратата за големи бизниси

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Москва „отворија врата за две или три големи зделки“, откако американските санкции ја принудија Русија да продаде дел од своите активи во странство.
„Поради американските санкции, Русите се принудени да продадат голем дел од своите активи надвор од Русија. Постои голема меѓународна трка за тоа на кого да ги продадат. Можам да кажам дека отворивме врата за две или три големи зделки“, рече Орбан за време на говорот во градот Њиреѓихази, што беше емитуван на неговиот ЈуТјуб канал.
Унгарскиот премиер додаде дека натамошните чекори ќе зависат од унгарската енергетска компанија МОЛ и другите заинтересирани компании.
Претходно, рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Кремљ разговарал за можноста Унгарија да купи акции во руските нафтени компании погодени од санкциите, но дека овие преговори „не треба да бидат изложени на медиумско внимание“, објавија руските медиуми.
Шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш, претходно изјави дека MOL преговара за зголемување на својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), со цел да се ублажат последиците од американските санкции што влијаат врз работењето на таа компанија.
МИА
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
