Најмногу дожд во Демир Капија, најстудено во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар

Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, по што следат Радовиш и Пожар со 37, Гевгелија со 35 и Штип со 28. Деветнаесет литри на квадратен метар наврнаа во Струмица, 16 во Виница, 15 во Куманово, 13 во Кавадарци и Крива Паланка, 12 во Попова Шапка, 11 во Претор, 10 во Маврови Анови и Скопје-Петровец, 8 во Берово, 7 во Лазарополе, 6 во Велес, 5 во Пожаране, 4 во Битола, Тетово, Крушево и Прилеп и по еден во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани.
Утринава најстудено беше во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар каде е измерена температура од -1 степен Целзиусов, 0 во Пожаране и Крушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница, 3 во Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, 4 во Битола, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија и Скопје-Петровец, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 5 степени Целзиусови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Цезлиусови.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
