Цената на јајцата и натаму ќе расте, најавуваат производителите
Цената на храната и натаму ќе расте, најавуваат производителите. Јајцата, како основен прехранбен продукт, само за еден месец, од 90 скокнаа до 150 денари за пакување од 10 парчиња. Зголемената побарувачка, а намалениот број живина поради причјиот грип и појавата на токсини во јајцата, се главните причини за тоа. Сега Полска од најголем извозник, станува увозник, па побарувачката од соседните земји е огромна.
-Во регионот има огромна побарувачка. Грција увезуваше јајца од Полска, сега ги бара од нас. Исто е и со Албанија. Во Србија, за прв пат во истриријата цената на јајцата е повисока отколку кај нас. Затоа очекувам цената на јајцата да расте и натаму, па и на целата храна, изјави Абдулезел Догани , директор на Везе Шари.
Притисок врз цената прави и поскапувањето на сојата на светските берзи, која само изминативе 3 недели поскапе за 60 евра од тон. Родот на пченката, која ја увезуваме од Србија, годинава е преполовен, па затоа цената оди нагоре.
-Дополнително, продажбата стагнира поради очекувана повисока цена при откупот, додава Догани.
-Србија има за 45% помал род годинава во споредба со лани и цената се помести за некој 6,7 евра нагоре, од таму купено. Но, во моментов има стагнација на пазарот, не продаваат, затоа што се очекува да дојдат големи купчи на пченка и цената ќе оди уште нагоре, додва Догани.
За сега, државата не планира да ги замрзне цените, со надеж дека истите ќе паднат следниот период. За разлика од кај нас, соседна Србија , од септември до февруари ги замрза маржите на основните производи. Таму може да се види дека 10 јајца се продават од 100 до 160 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
