Loading Video...
Свет
26. November 2025 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Нема краен рок кога Киев и Моска треба да постигнат  договор за крај на војната, се финализира мировниот план изјави американскиот претседател. Трамп соопшти дека следната  недела   специјалниот партеник Витков ке има средба со  Путин во Моксва а секеретарот на армија Дрискол ќе се сретне со украинскатат страна. Состаноците ќе бидат во ист ден.

Во меѓувреме поовикувајќи се на три различни извори, агенцијата Ројтерс обајви  дека планот предложен од Трамп, за ставање крај на војната во Украина, всушност има руско потекло. Според тие извори, планот се градел врз документ што го изработила Русија и што Москва го доставила на американскиот специјален пратеник Витков во октовмри.

Но, пред три дена американски и украински претсавници одржаа средба во Женева и договорија нова верзија на планот на Трамп, но детеали не се објавени.

Најмалку 13 лица загинаа, а 15 се повредени во голем пожар што зафати седум од 8 ката на станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг. Повеќе од 700 пожарникари се на местото на настанот обидувајќи се да го изгаснат пожарот што избил во раните утрински часови.

Неколку лица сеуште се заробени во погодените згради јавиваат тампшните медиуми. Меѓу жртвите е и еден пожарникар. Не е познатот што го предизвикало пожарот во станбениот копплекс во кој живеат 4600 луѓе.

Пред српскиот парламент во Белград утрово дојде до судири меѓу опозициски пратеници,полицијата и поддржувачи на власта сместени во шаторите пред пред парламентот.

Според опозицијата физичката пресметка ја предвивикала полицијата која ги спречила пратениците да влезат во зградата на парламентот од главниот влез, а се вмешале и луѓе од шаторите.

Полицијата пак наведува дека интревирнаиела за да спречи нарушување на редот и безбдедностно, бидејќи пратениците се обиделе да го остранат шаторот поставен на самите скали пред парлементот и со тоа предизивкале револт кај луѓе од шаторите.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, вчера на состанокот со пратениците од опозицијата изјави дека во следните два дена на пратениците ќе им биде дозволен пристап до собраниетот од главниот од влез.