Лавров: Русија ја чека преодната верзија на американскиот план за Украина

Москва очекува Вашингтон да ја достави преодната верзија на планот за решение во Украина, договорен со Европејците и Украинците, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тој рече дека Русија очекува САД да ја информираат за резултатите од разговорите со Украина и се надева дека тоа ќе се случи во догледно време, пренесува РИА Новости.
– Имаме канали за комуникација со нашите американски колеги и тие се користат. Очекуваме тие да ја претстават верзијата што ја сметаат за привремена во смисла на завршување на фазата на усогласување на овој текст со Европејците и Украинците, рече Лавров по заедничкиот состанок на колегиумите на руското и белоруското Министерство за надворешни работи.
Проценките на Русија во врска со планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Украина остануваат во сила, а Москва го поздравува фактот што во основата на овој документ се разбирањата постигнати на самитот на Алјаска, нагласи Лавров.
Русија го цени ставот на САД, бидејќи тие се единствениот западен лидер што презема иницијатива во потрага по решение за конфликтот во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи.
– Секако го цениме ставот на САД, кои се единствениот западен лидер, за разлика од Лондон, Брисел, Париз и Берлин, кој презеде иницијатива да најде решение. Ние тоа го цениме, рече Лавров.
Според него, Западот сака да го преиначи планот на Трамп и да ги поткопа напорите за решавање на конфликтот, бидејќи секој пат, како што наведе, го уривал постигнатиот напредок во врска со Украина.
Лавров нагласи дека Европа „целосно потфрлила по сите параметри“ во своите постапки кон Украина, почнувајќи од 2014 година.
Тој додаде и дека Белорусија и Турција можат да играат конструктивна улога како посредници во решавањето на конфликтот во Украина.
– Гледаме земји кои можат да играат конструктивна улога како посредници. Тоа ги вклучува Белорусија и Турција, рускиот претседател Владимир Путин неодамна разговараше за тоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој исто така е заинтересиран да помогне во создавањето платформа. Ние не ја отфрливме Истанбулската платформа, тоа беа Украинците, рече Лавров на прес-конференција.
МИА
Ново на Сител
-

Сите вработени во МВР ќе добијат повисоки плати за 2.470 денари
-

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци за случајот со Ивана Јовановска
-

Сиљановска - Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила Водно
-

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување
-

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините
-

Јапонија распореди ракетни системи со голем дострел во својата база во југозападниот дел на земјата
-

Сведок потврди дека во дискотеката „Пулс“ при котроли во неколку наврати биле затекнувани малолетници и оти сопственикот не соработувал
-

Министерот Андоновски на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ
